
● Крсте Петков Мисирков, 1 дел
● Крсте Петков Мисирков, 2 дел
● Блаже Конески
● Браќа Миладиновци
● Зборникот на Миладиновци
● Кирил Пејчиновиќ
● Јоаким Крчовски
● Јордан Хаџи Константинов Џинот
● Рајко Жинзифов
● Кузман Шапкарев
● Битолски натпис, 1015-1016 год.
БЕСПЛАТНИ PDF КНИГИ >>>

ИЗБРАНА СТАТИЈА
КУЗМАН ШАПКАРЕВ
Кузман Шапкарев е роден во 1834 год. во Охрид. Работел како учител во Струга, Охрид, Прилеп, Кукуш и Битола. Основател е на машка и женска гимназија во Солун, и работи како учител по б`лгарска историја и јазик. Извесно време работел и како судски административец низ Пловдив, Сливен, Стара Загора, Враца итн. Бил соработник на весниците "Македония" и "Право", на списанието "Читалиште" и други.
Кузман Шапкарев бил голем познавач и вљубеник во минатото, фолклорот, обичаите, јазикот и битот на својот народ. Низ сите свои дела пишувал за б`лгарските дијалекти, б`лгарскиот фолклор и историја во Македонија.
Сепак, неговата основна дејност била учителствувањето и за тие потреби напишал неколку учебници.
Неговиот најобемен и најзначаен труд е зборникот "Български народни умотворения" (1891 - 1894 год.)
Зборникот содржи 1300 песни, 280 приказни, описи на народни обичаи и носии.
Меѓу другите негови дела се и: "Голема българска читанка" (1868 год.), "Български буквар", "Кратко землеописание" итн.
Во предговорот на Букварот, Кузман Шапкарев истакнува дека тој е наменет за 'македонските б`лгарчиња' (македонскытѣ българчиня)
Насекаде низ своите дела тој пишува за македонските българи.




