БИТОЛСКИ НАТПИС, 1015-1016 год.




Покрај многуте други лаги, фалсификати и великосрпски пропаганди, во така наречената "енциклопедија" издадена од МАНУ под редакција на еден добро познат "академик" чие што име оправдано се римува со Лаже, беше направен обид за безсрамен фалсификат и со таканаречениот "Битолски натпис".

"Битолскиот натпис" всушност претставува правоаголна мермерна плоча со испишан текст на старобугарски јазик и азбука. Натписот е поставен во 1015-1016 година по повод изградбата на тврдината во Битола, од страна на цар Иван Владислав - син на Арон, братот на цар Самуил.

Овој натпис е откриен во 1956 година во Битола и, за жал, денес е скриен во подрумските простории на Битолскиот музеј.

Во предговорот на "енциклопедијата" пишува:
"...во странските енциклопедии, особено во енциклопедиските изданија на соседите, премногу се скромни, измешани и изобличени селектираните факти и аргументи за Македонија и Македонците, за да се сфати и да се прифати "вистината" за вековниот комплекс на "македонското прашање"..."

Значи, во другите енциклопедии имало "измешани и изобличени факти за Македонија и Македонците", па затоа бЛаже решил во неговата "енциклопедија" да има вистини и само вистини :))

Но, што напишале за битолската плоча? Освен што ја претставиле како:
"...значаен споменик, важен извор за проучување на македонското кирилско писмо, македонскиот јазик и македонската историја..."
воопшто не го објавиле и објасниле текстот штп стои на плочата.

На плочата стои текст:

† Въ лѣто Ѕ ҃Ф ҃К ҃Г ҃ отъ створенїа мира обнови сѧ съ градь зидаемъ и дѣлаемъ Їѡаном самодрьжъцемъ блъгарьскомь и помощїѫ и молїтвамї прѣс ҃тыѧ влад ҃чицѧ нашеѧ Б ҃чѧ ї въз()стѫпенїе І ҃В ҃ ı връховънюю ап ҃лъсъ же градь дѣлань бысть на ѹбѣжище и на сп҃сенѥ ї на жизнь бльгаромъ начѧть же бысть градь сь Битола м ҃ца окто ҃вра въ К ҃. Конъчѣ же сѧ м ҃ца ... исходѧща съ самодрьжъць быстъ бльгарїнь родомь ѹнѹкъ Николы же ї Риѱимиѧ благовѣрьнѹ сынь Арона Самоила же брата сѫща ц ҃рѣ самодрьжавьнаго іаже ı разбїсте въ Щїпонѣ грьчьскѫ воїскѫ ц ҃рѣ Васїлїа кде же взѧто бы злато ... фоѧ съжев ... ц҃рь разбїенъ бы ц҃рѣмь Васїлїемь Ѕ ҃Ф ҃К ҃В ҃ г. лтѣ оть створенїѧ мира ... їѹ съп() лѣтѹ семѹ и сходѧщѹ


Во превод:
"Во годината 6523 (1015-1016) од створението на светот се обнови оваа тврдина. ѕидана и правена од Иван, самодржец бугарски, со помошта и со молитвите на пресветата маченица наша Богородица, и со застапувањето на днаваесетте и на врховните апостоли. Оваа тврдина беше направена за прибежиште и спасение и за животот на Бугарите. Започната беше крепоста во Битола во месец октомври во ден 20-ти, и се заврши во месец (...) до крај. Овој самодржец беше Бугарин по род, внук на Никола и на Рипсимија благоверните, син на Арон, којшто е брат на Самуил царот самодржавен и коишто двајца ја победија во Штипон грчката војска на цар Василиј во годината 6522 (1014) од створението на светот во Клуч, и почина во крај на летото."


Во кратки црти:
- Цар Иван Владислав, син на братот на Цар Самуил, Арон, во 1015-1016 година гради тврдина во Битола.
- На плочата што сам ја поставил, Иван, запишал дека тој е бугарски самодржец, по род Бугарин, и дека тврдината ја гради со помош и молитви на Пресвета Богородица за спас и живот на бугарското население во Битола.

Во кратки црти, што пишуваше во енциклопедијата:
"...како епиграфски споменик претставува важен извор за проучување на македонското кирилско писмо, македонскиот јазик и македонската историја..."

Значи, можеме да заклучиме дека:
македонски јазик = бугарски јазик
македонска историја = бугарска историја
македонец = бугарин